Одолговлекувањето на изградбата на гасоводот „Турски тек“ нема политичка компонента, затоа што во Турција сега нема постојана влада, изјави за РИА „Новости“ амбасадорот на РФ во Турција Андреј Карлов.
„Изградбата на првиот крак наменет за Турција, „Гаспром“ планираше најпрвин да го изгради до крајот на следната година, а сега овој рок се продолжува за една година. За Турција овој проект е важен за нејзино снабдување со гас и мислам дека таа одамна сака да биде транзитна држава за испорака на рускиот гас преку нејзината територија во Европа. Тоа е и престижно, и исплатливо на финансиски план. Јас не гледам политичка компонента во задршката на неговата изградба. Таа е поврзана најмногу со тоа што во Турција сега има привремена влада. По изборите на 1 ноември ќе биде формирана постојана влада и се надевам дека потоа сите преговори ќе започнат многу бргу“, изјави Карлов.
Според неговите зборови, за изградбата на „Турски тек“ подеднакво се заинтересирани и Русија, и Турција.
„Затоа сметам дека проектот „Турски тек“ ќе биде реализиран. Друга работа е тоа што првобитно се планираше дека тој ќе се состои од четири краци, а сега станува збор за два“, додаде амбасадорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче