Амбасадата на Русија во Дамаск ги негира информациите за загинувањето на Руси во Сирија

Во текот на изминатото деноноќие руските авиони извршија 55 борбени летови и нападнаа 60 објекти на терористите во Сирија.

Амбасадата на Русија во Дамаск ги негира информациите за наводно загинување на Руси во Сирија.

„Не располагаме со никаква информација за наводно „загинување на тројца Руси“ или „тројца руски војници“ во Сирија, како што соопшти агенцијата „Ројтерс“. Сето личи на уште една пропагандна дезинформација“, потенцираат од амбасадата.  

Од амбасадата истакнуваат дека извор на овие информации е Лондонскиот центар за почитување на правата на човекот кој, од своја страна, се повикува на некакви „сопствени извори“.

Во текот на изминатото деноноќие руските авиони извршија 55 борбени летови и нападнаа 60 објекти на терористите во Сирија, пренесува ТАСС.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.