Путин: Постои опасност американското оружје повторно да се најде во рацете на терористите

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази загриженост дека оружјето кое САД ѝ го испорачува на сириската опозиција повторно би можело да се најде во рацете на терористите.

Коментирајќи ја американската помош за таканаречената умерена опозиција во Сирија, рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост дека оружјето кое САД ѝ го испорачува на сириската опозиција повторно би можело да се најде во рацете на терористите, пренесува „Взгљад”.

„Ние упорно ќе работиме на тоа напорите во борбата против меѓународниот тероризам да бидат заеднички, а резултатот јасен, очекуван и насочен кон борба против меѓународниот тероризам”, рече Путин, потсетувајќи дека операцијата на меѓународната коалиција на чело со САД се одвива веќе повеќе од година дена.

„Извршија над 500 напади на територијата на Сирија, а потрошија, само официјално, половина милијарда долари за бука на Слободната сириска армија... Штотуку соопштија дека со авиони доставуваат муниција до Слободната сириска армија. А каде е таа Слободна сириска армија?”, запраша Путин.

„Доколку некаде истовараат и фрлаат од воздух муниција, оружје и опрема, дали тоа повторно доаѓа до рацете на ИД, како што беше случај во текот на обуката на Слободната сириска армија? Каде е гаранцијата? САД самите признаа дека акцијата пропаднала, а сега само исфрлаат муниција и опрема. Кому? Ова не е реторичко прашање”, нагласи рускиот лидер.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња