Кремљ ја коментираше изјавата на Обама за руската операција во Сирија

Не станува збор за лидерство, туку за напорите кои Русија ги вложува во борбата против „Исламската држава“ и другите терористички и екстремистички групи за зачувување на Сирија како единствена држава, изјави портпаролот на русиот претседател Дмитриј Песков.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Барак Обама за операцијата на Русија во Сирија, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека не станува збор за лидерство, туку за борба против „Исламската држава“ и напорите да се зачува целосноста на таа земја, пренесува „Взгљад”.

„Овде не се работи за лидерство. Повеќето ставови кои ги изјавуваат аналитичарите и набљудувачите од други земји се дијаметрално спротивни на гледиштето на претседателот на САД“, рече Песков.

Американскиот претседател Барак Обама во интервју за каналот „Си-Би-Ес“ изјави дека операцијата на ВКС Русија во Сирија претставува знак на слабиот став на Владимир Путин.

„Најважното овде не е лидерството, туку напорите кои Русија ги вложува во борбата против „Исламската држава“ и  другите терористички и екстремистички групи. Напори кои, на крај, се насочени кон зачувување на Сирија како единствена држава“, додаде Песков.

Тој истакна дека операцијата на Русија во Сирија не е товар за рускиот буџет. Според него, Русија е голема земја чии Вооружени сили се во константно движење, поради што покрај воените вежби и проверките на готовноста постојано се спроведуваат и операции како таа во Сирија и кои не излегуваат од рамките на обичниот буџет.  

Песков нагласи дека Русија нема намера да учествува во копнени операции, туку се ограничува само на акции на воздухопловството, за да ги поддржи Вооружените сили на Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.