Генералштабот на ВС РФ објави видео од нападите на руската флота врз ИДИЛ

Касписката флота на РФ денеска изврши ракетирање на позиците на „Исламската држава“ во Сирија.

Денеска бродската ударна група на ВМФ Русија во состав од ракетниот брод „Дагестан“, малите ракетни бродови „Град Свијажск“, „Углич“ и „Великиј Устјуг“ изврши напад со крстосувачки ракети од акваторијата на Каспиското езеро врз инфраструктурни објекти на ИДИЛ на територијата на Сирија.

Ракетирањето беше извршено од бродските системи со високопрецизно оружје „Калибар НК“, чии крстосувачки ракети успешно и со голема прецизност ги погодија зададените цели.

Видео записот од операцијата можете да го погледнете овде.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.