Весникот „Комерсант“ ги коментира намерите на САД да ја активира воената кампања против „Исламската држава“ поради руското бомбардирање на исламистите. Изданието, повикувајќи се на „Њујорк Тајмс“, пишува за плановите на коалицијата предводена од САД за започнување општа офанзива врз градот Рака на североистокот на Сирија – де факто главниот град на ИД. Во текот на копнената операција ќе се потпрат врз 20 илјади курдски борци и околу 5 илјади борци на умерената сириска опозиција, кои ќе добијат поддршка од авијацијата на коалициските сили. Експертите истакнуваат дека во моментов се формираат две алтернативни коалиции на чело со Русија и САД и кои претендираат да ја предводат борбата против исламистите.
„(…) Во оваа ситуација е важно страните да се раководат според принципот „не наштетувај“. За тоа е неопходно да се поделат зони на операција и да се балансираат своите чекори. На пример, одлуката на САД за директна испорака на оружје за сириската опозиција може да доведе до тоа, оружјето да се најде во рацете на терористите“, го цитира изданието членот на советот на ПИР-Центарот Дмитриј Поликанов.
Според зборовите на директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Пухов, за решение во Сирија ќе бидат потребни не само активности на коалицијата против ИД, туку и мировен процес.
„Многу е сложено да се војува против ИД. Тоа е исто како да удирате со тупаница во памук или во магла. По таквите удари ИД се разделува и потоа повторно ги згуснува своите редови“, објаснува за „Комерсант“ директорот на Институтот за стратешки процени Сергеј Ознобишчев. Според неговото мислење, во оваа ситуација борбата против ИД на Русија и меѓународната коалиција предводена од САД се претвора повеќе во спор за тоа кој е способен да биде прва виолина во светската политика.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче