Песков: Деловните односи на Путин и Обама дозволуваат директно поставување остри прашања

Претходно Владимир Путин го нарече разговорот со претседателот на САД „за чудо отворен“.

Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков потврди дека Владимир Путин не случајно го нарече претседателот на САД Барак Обама по име во текот на разговорот со новинарите, пренесува ТАСС.  

„Тие (Обама и Путин) си велат „Владимир – Барак“. Тие имаат доволно работни и конструктивни односи кои дозволуваат доволно директно да се постават остри прашања и да не го кријат недоразбирањето кое се случува околу една или друга тема“, изјави Песков во интервју за водителот на програмата „Вести во сабота“ Сергею Бриљов.

Претходно Владимир Путин го нарече разговорот со претседателот на САД „за чудо отворен“. Според неговите зборови, лидерите „најдоа многу допирни точки, но има и разногласија“.  

На средбата меѓу претседателите на Русија и САД американската страна не најде контрааргументи на зборовите на рускиот лидер за ситуацијата во Украина, изјави Песков.

„Да речеме вака, разговорот беше конструктивен но, се разбира, не може да се зборува за размена на мислења која би довела до зацврстување на меѓусебното разбирање“, констатира Песков. „Во многу нешта нашите американски партнери како и претходно немаат намера да покажат некаква флексибилност и желба за разбирање на аргументите на другите“.  

Песков истакна дека освен ситуацијата во Украина, се дискутирало и за Сирија.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња