Украина „се деградира себеси” изјавувајќи дека ја спроведува „Минската спогодба“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Взгљад”.
„Во февруари оваа година беше усвоена „Минската спогодба“ и прифатена од сите. Ја одобри и Советот за безбедност на ОН, кој бараше по итна постапка да се направат чекори кон воспоставување директен дијалог меѓу Киев и Донецк и Луганск за подготовка на локалните избори, како и дијалог за стапување на сила на законот за посебниот статус и реформите во уставот на Украина, во согласност со принципите потврдени во „Минската спогодба“ своерачно од страна на министерот за надворешни работи на Франција и германската канцеларка. Ништо не се прави околу ова прашање“, рече Лавров.
„Тоа е секако разочарувачки и наведува на размислување за тоа колку совесни беа луѓето кои првенствено се согласија доброволно да го потпишат текстот кој беше усогласен во текот на преговорите. Од друга трана, колку се совесни луѓето кои на зборови ја поздравуваа „Минската спогодба“, а на дело само се обидуваат да ги поддржат украинските власти да глумат дека ги исполнуваат своите обврски и се деградираат, објаснувајќи му на целиот свет дека исполниле сѐ до последната запирка“, рече шефот на руската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче