Можноста за долгорочно учество на Русија во судирите на Блискиот Исток е исклучена, изјави претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов, пренесува „Взгљад”.
Според неговите зборови, Русија во Сирија не ги преминува дозволените граници и не ги следи своите интереси, туку само ја штити својата безбедност.
Советот на Федерацијата во средата, 30 септември, му даде дозвола на претседателот на Русија Владимир Путин да испрати војска во Сирија. Шефот на администрацијата на претседателот Сергеј Иванов рече дека одлуката е поврзана со заштитата на националните интереси на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче