Западот треба да има предвид дека влошувањето на односите меѓу НАТО и Русија може да биде долгорочно. Ова во интервјуто за „Норвешкото телеграфско биро“ го изјави во неделата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува ТАСС.
„Ние треба да бидеме подготвени за тоа дека периодот на влошување на односите меѓу Русија и НАТО ќе биде долготраен. Алијансата во врска со ова ги презема неопходните мерки, суштински засилувајќи ја нашата колективна одбрана“, изјави Столтенберг. „Неопходно е да се заземе таква позиција за да може РФ порано или подоцна да сфати дека повеќе ќе добие од соработка отколку од конфронтација со нас“.
Според зборовите на генералниот секретар, односите меѓу Западот и Русија во најскоро време нема да имаат карактер на студена војна, но и нема да станат партнерски. „Нѐ очекува нешто помеѓу. Тоа нема да биде стратешка алијанса со РФ како што сакавме да постигнеме, но и нема да биде враќање на „железната завеса“, смета тој.
Столтенберг не смета дека зголемувањето на бројот на маневри како од страна на Алијансата, така и од страна на Русија, води само кон поголема напрегнатост во нивните односи. „НАТО го зголемува своето воено присуство на Исток и одржува повеќе воени вежби единствено поради тоа што Русија примени воена сила во Украина. Стратегијата на задржување е неопходен влог за спокојството на Норвешка и другите членки на НАТО“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче