Претседателот на Украина Петро Порошенко се закани со проширување на антируските санкции во случај Москва да ги признае изборите во самопрогласените ДНР и ЛНР, соопштува ТАСС.
„Ако РФ ги прифати (претстојните локални избори во ДНР и ЛНР), тогаш тоа е грубо прекршување на „Минск“ (Минската спогодба)“, изјави Порошенко. Притоа тој се закани дека за Русија „тоа може да заврши со проширување на санкциите и со други последици“.
Претседателот на Украина ги нарече претстојните избори ДНР и ЛНР „лажни“ и вети дека „ќе направиме сѐ за да не дозволиме повторување на тој процес“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.