Лавров: Целта на создавањето координативен центар во Багдад е борба против ИД

Русија ги обедини напорите со Сирија, Иран и Ирак за координирање на борбата против „Исламската држава“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Целта на создавањето координативен центар во Багдад се состои во координирање на напорите за борба против ИДИЛ, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости“.

„Ги координираме дејствијата (со партнерите) во борбата против ИДИЛ“, изјави министерот пред средбата со државниот секретар на САД Џон Кери, одговарајќи на прашањето за целта на создавањето на центарот.

Претседателот на РФ Владимир Путин претходно изјави дека лично ги известил лидерите на Турција, Јордан и Саудиска Арабија за формирањето координативен центар. САД, според зборовите на рускиот лидер, исто така биле информирани за тоа.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.