Русија, Сирија, Иран и Ирак создадоа во Багдад информативен центар за координација на борбата против терористичката група „Исламска држава“, соопшти воено-дипломатски извор.
„Руската Федерација, Сириската Арапска Република, Република Ирак и Исламската Република Иран донесоа одлука за отворање информативен центар во Багдад, во кој ќе влезат претставници на генералштабовите на овие држави“, изјави изворот.
Изворот објасни дека основна функција на центарот ќе биде прибирање, обработка, сумирање и анализа на тековни информации за ситуацијата во блискоисточниот регион во контекст на борбата против ИД, нивна поделба според намената и оперативно пренесување до генералштабовите на наведените земји.
На чело на структурата ќе бидат офицери од РФ, Сирија, Иран и Ирак кои ќе ротираат на секои три месеци, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче