Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на средбата со амбасадорите на 28 земји-членки на Европската унија и првиот човек на претставништвото на ЕУ во Москва укажа на тоа дека „политиката на притисок на Европската унија не придонесува за воспоставување соработка меѓу РФ и ЕУ во политичката и економската област“, пренесува ТАСС.
„Без оглед на сегашните сложености во руско-ЕУ односите, страните реализираа сериозно разгледување на широк круг прашања од билатералната агенда“, истакнаа од МНР РФ по средбата. „Шефот на руската дипломатија укажа на тоа дека политиката на притисок на ЕУ воопшто не придонесува за воспоставување целосна соработка меѓу Русија и ЕУ во политичката и економската област, вклучително и во сферата на енергетската соработка која почна да има потешкотии поради украинската криза“.
Лавров „изрази загриженост од ситуацијата во Украина и апелираше до ЕУ активно да влијае за целосно и безусловно исполнување на Минската спогодба од страна на Киев“.
Освен тоа, истакнаа од МНР РФ, „исто така беа начнати и други актуелни меѓународни проблеми, особено ситуацијата на Блискиот Исток и во Северна Африка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче