Путин: Ситуацијата во руската економија е тешка, но не е критична

Шефот на руската држава Владимир Путин изјави дека е неопходно да се обезбедат стабилност и рамнотежа во државните финансии и да се намали зависноста од центата на нафтата.

Ситуацијата во економијата е тешка, но не е критична, и за нејзино јакнење имаме сѐ што ни е потребно, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„И вие и јас знаеме дека ситуацијата во економијата не е едноставна, но не е критична. Ние треба да носиме проверени решенија со цел да го зајакнеме економскиот потенцијал на нашата земја. За тоа имаме сѐ што е потребно“, изјави шефот на руската држава, а пренесува „Взгљад”.

Путин изјави дека е неопходно да се обезбедат стабилност и рамнотежа во државните финансии и да се намали зависноста од цената на нафтата. „Мораме да обезбедиме рамнотежа и стабилност во државните финансии и значително да ја намалиме зависноста на буџетот од цената на нафтата“, изјави претседателот на Русија.  

Најновите прогнози на руското Министерство за економски развој предвидуваат пад на бруто домашниот производ на Русија во 2015 година од 3,3% и раст во 2016 година од 1-2%. Американската банка „Морган Стенли“, напротив, прогнозира за Русија пад и во 2015 и во 2016 година (од 4,2% и 1,3%), а агенцијата „Мудис“ за 2016 година ѝ предвидува на Русија пад на БДП-то од 0,5-1,5%. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња