Проблемите за САД си ги прават самите САД, а не Русија или Кина.
Такво убедување искажа претседателот на САД Барак Обама кој настапи во средата на конференцијата на организацијата „Бизнис-тркалезна маса“, која ги обединува раководните лица на најголемите корпорации во земјата. Тој исто така е убеден дека сите страни на светот ѝ завидуваат на Америка, пренесува „ТАСС“.
„Нашиот проблем не е во тоа што Кина ќе ни се спротивстави на преговорите или што стратегијата на Путин ќе се покаже како подобра од нашата“, изјави Обама.
„Проблемот е во нас самите. Ние самите си наштетуваме“, рече американскиот претседател.
Како пример тој го наведе можното запирање на работата на владата на земјата, доколку Конгресот на САД не го усвои федералниот буџет за следната година (новата фискална година почнува во САД на 1 октомври).
Според него, во светот „нема таква земја, вклучително и Кина, која сега не би гледала на САД со завист“.
„Америка ќе се наоѓа зад кормилото ако носиме паметни одлуки. И тоа не се произволни оценки, тоа се просто факти“, убеден е Обама.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче