Руски рудари почнаа со ископување на злато во Северна Кореја

Рударите од компанијата „Северни рудници“ почнаа со работа на наоѓалиштето на злато во провинцијата Јужен Хамген во Северна Кореја, соопштија властите во Колима, а пренесува „Взгљад”.

Делегацијата на корејското Генералното друштво на индустријата за цинк на чело  со претседателот Ли Чанг Хва го посети рудникот за злато и сребро „Џулиета“ на рударско-геолошката компанија од Омсукчан (ОГГК), каде се запознаа со современите технологии и начините на организација на производството во рударството. Како што соопшти генералниот директор на оваа компанија Андреј Рашин, фирмата „Северни рудници“ започнува со обработка на наоѓалиштето на злато во корејската провинција Јужен Хамген, пишува „Взгљад“.

„Ова е првиот таков проект во Северна Кореја, се надеваме не и последен, со оглед дека ДНРК има значаен потенцијал во ископувањето на минерали и благородни метали“, рече Рашин.  

Според зборовите на министерот за природни ресурси и екологија Владимир Маткин, почетокот на рударските работи во Северна Кореја претставува почеток на развојот на соработката меѓу оваа земја и Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња