Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров разговараше телефонски со својот американски колега Џон Кери кој искажа загриженост поради руската поддршка на сирискиот лидер, пренесува „RT“.
„Кери исто туркаше една многу чудна идеја дека поддршката за Асад во неговата антитерористичка борба само ги зајакнува позициите на ИДИЛ, затоа што спонзорите на ИДИЛ ќе продолжат да даваат уште повеќе оружје и пари за тоа“, изјави Лавров.
„Тоа е апсолутно обратна логика и уште еден обид да им се излезе во пресрет на оние кои употребуваат терористи за борба против режимите што мислат поинаку“, изјави рускиот дипломат, споменувајќи ги обидите на САД да соработуваат со разни екстремистички групи во Сирија во текот на последните неколку години.
„Колосална грешка е што коалицијата предводена од САД никогаш не размислуваше за соработка со Сирија, дури ни за размена на информации“, изјави Лавров. „Јас не можам да ја сфатам таа логика, поточно апсолутниот недостиг на логика“.
„Ние не само што ја помагаме Сирија, ние исто така обезбедуваме оружје за Ирак и другите земји во регионот кои се наоѓаат на линијата на фронтот против заканата од тероризмот. Како за Ирак, така и за другите земји го правиме тоа без какви било политички предуслови“; рече Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче