Кандидатката за претседател на САД Хилари Клинтон во текот на обраќањето во Институтот „Брукингс“ во Вашингтон изјави што ја восхитува кај претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува порталот Politico.
„Путин нема толку многу особини кои предизвикуваат воодушевување кај мене, но тоа што тој може да стане и да каже: „Јас ќе бидам вашиот следен претседател“, на свој начин, е привлечно“, се пошегува поранешниот американски државен секретар, одговарајќи на прашања на присутните.
Таа, исто така, одговарајќи на прашањето како САД можат да ја контролираат Путиновата агресија на европскиот континент, изјави дека целта на Русија е „да ја блокира, да се конфронтира и да ја поткопува моќта на Америка каде може и кога може“.
Хилари Клинтон во моментов е главен кандидат за учество во изборната трка од Демократската партија. Изборите за претседател на САД ќе се одржат во ноември 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче