Украинските војници рекле дека нивната посета е исклучително со мирољубив карактер. Сакале нешто да каснат, да се напијат заедно со руските војници и да се пожалат на тешката служба во украинските вооружени сили, пренесува „Взгљад”.
Војниците не носеле со себе никакви лични документи.
„Овој факт објективно ја покажува бесмисленоста на присуството на украинските воени единици на границата со Крим и отсуство на ред на украинската граница, поради што се зголемува одговорноста на руските погранични органи и другите вооружени структури кои ја гарантираат безбедноста на границата во Кримскиот федерален округ на РФ“, сметаат претставниците на пограничната управа на ФСБ Русија.
Потпретседателот на кримската влада Руслан Баљбек смета дека истрагата допрва треба да утврди дали се работи за случајно преминување на границата или за начин да се прикрие средба со агенти или обид за диверзија.
Според неговите зборови, во светлината на последните агресивни изјави на украинскиот претседател Петро Порошенко спрема Русија не е исклучено диверзантски групи да бидат префрлувани на територијата на Крим на најнеобичен начин, „вклучувајќи и пијани војници во гаќи за по дома“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче