Министерството за одбрана на Молдавија прекинува секаков однос со военото аташе на Русија во Кишинев. Како што соопшти молдавската државна радиотелевизија TRM, ова го изјави шефот на Министерството за одбрана Анатолиј Шалару, а пренесува ИА „Регнум“.
Наведениот чекор Шалару го објаснил со тоа дека военото аташе на Русија присуствувал на воената парада по повод 25-годишнината од независноста на Приднестровје, што во Кишинев се толкува како „непријателски чекор“. Министерот за одбрана додаде дека министерството чека официјално извинување од руското воено аташе или негова замена.
По повод прославата на 25-годишнината од денот на формирањето на Приднестровската Молдавска Република во Тираспол на 2 септември се одржа најголемата воена парада во Приднестровје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче