Старата Европа се подели на „добронамерници”, кои сакаат да прифатат милиони Азијци и Африканци кои засекогаш ќе го сменат описот на населението на стара Европа. И на „тврдолинијци“, кои во дојденците гледаат сурови варвари-освојувачи. Треба да им се спротивставиме, велат застапниците на тврдата линија, пишува рускиот писател, политичар и публицист Едуард Лимонов во статија за сајтот „Свободнаја преса”.
Меѓутоа, продолжува Лимонов, ни добронамерници и тврдолинијците не споменуваат дека Европа овојпат е самата виновна за овој страшен бран на преселба на народите таму кадешто подобро се живее, дека таа е виновна за она што се случува.
„Затоа што токму Европа во сојуз со САД (со оглед дека САД се наоѓаат преку океанот, американскиот Господ, т.е. Ѓаволот, ја чува Америка од мигрантите) без каков било сериозен повод, водена само од омраза и застарени политички схеми започна низа војни против земји како што се Ирак (двапати), Авганистан, Либија и започна војна во Сирија’”, пишува Лимонов.
„Наближува смртта на Европа. Како ние од Русија треба да гледаме на тоа. Па, нам ни одговараат и активностите на добронамерниците и активностите на тврдолинијците. Затоа што во украинскиот конфликт плачливата и суетна Европа покажа дека не сме ѝ пријатели. Оттаму следи заклучок. Ние треба да им се радуваме на оние кои имаат проблеми. Па, го заслуживте тоа, мадам!“, пишува познатиот писател.
„Добронамерниците ќе ги прегрнат туѓинците, а тие ќе им го покажат својот Бог, постепено асимилирајќи ги Европејците. Тврдолинијците ќе ги пречекаат со вооружена стрелба и ќе се појават жаришта на судири во Лондон и Париз. Нека. Музеите ќе ги префрлиме кај себе, затоа што тие ќе мораат да најдат некое безбедно место да ги засолнат музеите, сите оние прекрасни слики во масло, со дами и кученца. А ние имаме безбедно место“, заклучува Лимонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче