„Ние сме доволно конкурентни на пазарот и затоа не стравуваме дека ќе бидеме потиснати од Русија по затоплувањето на односите меѓу ЕУ и Русија“, рече извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев.
„Очекуваме во наредниот период да се потпише и договор за слободна трговија со Руската федерација, со што македонските компании ќе имаат уште поголем простор за проширување на производството и пласман во оваа земја“, потенцираше тој.
Бешлиев соопшти и дека македонските земјоделски и особено млечни производи се интересни за рускиот пазар што се потврдува со веќе добиената дозвола за извоз на млечни производи на три македонски компании – „Здравје Радово“ со двата производни погона во Куманово и во Радово, „Балканска млекара“ од Скопје и „Бучен Козјак“ од Куманово. Во процедура е и постапката за добивање дозволи и за 11 други компании.
„За нас ова претставува отворање на нови можности за извоз на македонските производи во Руската Федерација. Овие три компании кои имаат шанса за извоз, може да извезуваат и на територијата на Евроазиската царинска унија каде се вклучени Казахстан и Белорусија, како и новите две земји Киргистан и Ерменија“, изјави Бешлиев.
Тој го најави и учеството на 12 македонски компании на саемот „Весь мир питания -2015“ (Целиот свет на храната) во Москва од 13 до 17 септември, каде Македонско–руската стопанска комора веќе 6-та година во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, а согласно со програмата на Владата за промоција на македонското производство, организира учество и претставување на македонски компании кои најчесто се занимаваат со производство на овошје и зеленчук.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче