САД со нови санкции, МНР РФ вети одговор

„САД не треба да имаат илузија дека можат да продолжат со тој курс без негативни последици по нив“, истакнува МНР РФ.

САД не треба да имаат илузии дека санкциите ќе останат без последици, изјавија од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.  

„Постапките на Вашингтон ги девалвираат неговите сигнали за заинтересираноста  за соработка со нас за решавање на низа сериозни меѓународни проблеми“, се потенцира во соопштението. „Бесполезноста на обидите да се изврши врз нас притисок со санкции, изгледа дека на ништо не може да ги научи вашингтонските стратези“.

„САД не треба да имаат илузија во однос на можноста да продолжат по тој курс без негативни последици за нив“, истакнуваат од министерството. „Повратни мерки кои не мора да значи дека ќе бидат рефлексија на нивните, ќе следуваат од наша страна“.

Од МНР РФ изјавија дека Вашингтон, воведувајќи нови санкции, свесно ја руши основата за нормализација на руско-американските односи.

„Објавувањето на 2 септември проширување на списокот со санкции од страна на Вашингтон, а на кој се најдоа руски компании и организации, како и некои правни лица со руски удел надвор од границите на нашата земја, не се само уште едно покажување на неспособноста на администрацијата на САД адекватно да го процени она што се случува во Украина“, истакнуваат од министерството. „Тоа е одраз на вкоренетите во владејачките кругови во САД линии за свесно, континуирано рушење на базата за нормализација на руско-американските односи“.    

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња