Лавров: Русија е подготвена за рамноправен дијалог со САД

Дијалогот меѓу Русија и САД треба да се гради врз принципи на меѓусебна почит и внимание за интересите на другиот, смета шефот МНР РФ Сергеј Лавров.

Русија е подготвена за рамноправен дијалог со САД базиран на заемна почит, доколку Вашингтон се врати на тој пат, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

„Доколку тие се вратат на патот на рамноправен дијалог врз база на заемно почитување, тогаш нема да има никаков проблем“, изјави Лавров во текот на своето обраќање пред студентите на МГИМО во вторникот.

Министерот изјави дека тој дијалог треба да се гради „на заеднички услови какви можат да имаат место меѓу две држави што се почитуваат себеси: меѓусебна почит за рамноправните позиции на другиот, уважување на заемна основа на интересите на другиот, заемно земање предвид на тие интереси“.

Како што изјави Лавров, многу механизми кои беа создадени во последните 4-5 години, вклучувајќи ги и механизмите на претседателската комисија меѓу Русија и САД, беа замрзнати.

„Сето тоа беше замрзнато од нашите американски партнери, тие решија да нѐ казнат, а со сила убавина не бидува, како што велат“, рече министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња