Претседателката на Хрватска ја повика ЕУ да соработува со Русија

Шефицата на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, настапувајќи на првата сесија на политичката секција на Европскиот форум во Алпах изјави дека ЕУ треба да работи со Русија на разрешување на сириската криза и низа други прашања.

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ ја повика ЕУ на соработка со Русија по прашањето за решавање на кризата во Сирија, која стана една од причините за „бегалската криза“ во Европа, пишува РИА „Новости“.

„Ние денеска ѝ се спротивставуваме на Русија по прашањето за кризата во Украина. Но ние треба да работиме со Русија на решавање на сириската криза и редица други кризи“, изјави Грабар-Китаровиќ во неделата, зборувајќи на првата сесија на политичката секција на европскиот форум во австриски Алпбах.

Според зборовите на претседателката на Хрватска, сегашната ситуација со десетиците илјади бегалци од Блискиот Исток и од Африка кои се упатуваат кон Европа е само почеток. „Ние очекуваме многу повеќе – можно е милиони луѓе кои очекуваат реализација на својот легитимен стремеж кон подобар и безбеден живот“, изјави Грабар-Китаровиќ. Според неа, Европа треба „да гледа не само на бегалците кои веќе пристигнаа, но и подалеку“.  

Според мислењето на хрватската претседателка, ЕУ минува низ цела низа кризи. „Имаме криза на визијата, криза на стратегијата, криза на идентитетот и, се плашам, криза на лидерството. Овие кризи влијаат на степенот на единство, на степенот на солидарност“, изјави Грабар-Китаровиќ. За да одговорат на наведените кризи, европските лидери треба да ги координираат активностите, а не „да се затскриваат во своите земји“, смета таа.

Средбата на европските политичари и интелектуалци што се одржува секоја година во тиролското село Алпбах имаат традиција уште од 1945 година. Оваа година темата е „Нееднаквост“ и е во знак на кризата поврзана со реката бегалци кои доаѓаат од Блискиот Исток и Северна Африка во Европа.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња