Лавров: Русија е подготвена да ѝ помогне на ЕУ да се справи со бранот мигранти

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека до Русија нема да допре масовниот прилив на мигранти кои одат кон Европа, но РФ е подготвена да ѝ помогне на Европската унија со овој проблем.

Бранот нелегални мигранти од Африка и Блискиот Исток кој ја преплави ЕУ нема да допре до Русија која е подготвена да им помогне на своите европски колеги да се справи со него, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров, а пренесува РИА „Новости“.  

„Бранот, што сега оди кон Европа... Нема знаци дека тој на некој начин ќе влијае на потоците (мигранти) кои сега се упатуваат кон Руската Федерација“, изјави тој, зборувајќи на младинскиот форум „Територијата на смислите на Кљазма“.

„Мислам дека имаме доволно средства да не дозволиме некакви негативни последици од тоа“, потенцираше министерот.

Тој истакна дека Русија е подготвена да ѝ помага на ЕУ која бара соработка, вклучително во СБ ООН за решавање на проблемот со нелегалните мигранти. „Подготвени сме да соработуваме со европските колеги“, изјави Лавров, наведувајќи дека истовремено Русија, од своја страна, очекува од своите колеги подготвеност конструктивно да соработуваат и за други прашања.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња