Германската власт не покажува желба за критика на Русија, со негодување констатира Џон Винокур во статија за „Вол Стрит Џурнал“ (Wall Street Journal). Канцеларката на Германија Ангела Меркел не изрази негодување поради руското вето на резолуцијата за „Боингот“ во Советот за бебзбедност, ниту ги осуди останатите „руски дипломатски маневри“, пишува амерканскиот новинар.
Исто така, шефот на администрацијата на германската канцеларка Петер Алтмаер минатата недела, одговарајќи на прашања на новинарите за предизвиците со кои ќе се соочи Германија во следните две години, не ја спомена Русија. „Ги спомена само мигрантите кои доаѓаат во Германија, исклучително затегнатата ситуација на Блискиот Исток, како и делувањето на исламските терористички сили“, пишува Винокур.
„А што е со Русија, која го анексираше Крим, со Русија која вели дека е подготвена да употреби нуклеарно оружје во европските регионални конфликти, со Русија која ракетите кои можат да се опремат со нуклеарни боеви глави ги постави доволно блиску за да може да го гаѓа предградието на Берлин? За тоа ниту збор“, констатира новинарот. Тој продолжува да ги критикува геманските ставови и посебно се задржува на изјавите на поранешниот германски претставник во НАТО Мартин Ердман. Ердман, имено, „минатиот месец за еден американски весник се пожали дека Алијансата во моментов зазема „многу едностран став“ – замислете!“
„Господинот Ердман исто така ја покажува бессодржајноста на мислењето на германската стратешка заедница, во која доминираат повици за „дијалог, доверба и безбедност“ и во која се применува неволноста да се признае враќањето на Русија како постојана агресивна сила“, смета Винокур. Американскиот новинар заклучува дека водејќи ваква политика Ангела Меркел за две години, за време на својата предизборна кампања ќе се соочи со голем проблем „како да ја одбрани идејата за тоа дека на Путин може да му се верува и дека со помош на дијалог него можете да го направите безопасен“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче