„По низа консултативни средби Европската комисија почна со „освојување на информативниот простор на Русија, земјите од „Источно партнерство“ и балтичките земји“. Оваа задача ќе се состои пред сѐ во долгорочна поддршка и координација на „независни“ информативни извори и медиски компании“, пишува чешкиот весник „Нова Република“ (Nova Republikа).
Новинарот го споредува овој проект со примитивната пропаганда од времето на студената војна, „кога ни целта, ни средствата не се криеја“. Целната група ја сочинуваат граѓаните на Русија „незадоволни од монополот во руските медиуми“. „Тука постои и еден мал, но езуитски додаток: Треба да ѝ се обраќаат пред сѐ на младината. Веднаш се дефинирани приоритетите за долгорочност на проектот: ако јавноста не е доволно незадоволна, треба да се „воспита“, користејќи елементи на современата младинска култура – културата на симболичниот протест, кога се користат сите можни пароли“, ја анализира чешкиот новинар медиумската тактика на Европската унија.
Тој објаснува против што всушност се обидува да се бори западната пропаганда. Тоаа се обидува да сфати од каде е симпатијата која обичните Чеси, Словаци, Швеѓани, па дури и Американците ја чувствуваат спрема „авторитарните режими“ и како тоа тие, и покрај напорите на западните медиуми, сочувствуваат со населението на Донбас. „Тоа е нормална реакција на човечки колектив, нивна алергија на системите кои се навистина авторитарни, кои под маската на „демократскиот“ избор кријат готови клишеа и рецепти: кога денес треба да се сака, а кого утре треба да се мрази“, објаснува чешкиот новинар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче