Како пример за ваквото војување тие ја наведуваат битката кај Мариупол во јуни годинава, која се случи истовремено со самитот на Г-7 во Германија. „Се отвораше оган секој ден пред зајдисонце и, очигледно, на некои луѓе им одговараше тој конфликт да не заврши“, пишува „Дејли Бист“ (The Daily Beast). „Па сепак, не дојде до очекуваната инвазија и опсада на Мариупол, чија крајна цел требаше да биде отворање копнен коридор до Крим кој беше анексиран од Русија“.
Стручњаците, меѓутоа, сметаат дека тоа не треба да чуди, затоа што „Путин повеќе сака да дејствува во фази“. „Тој полека и постепено освојува мали делчиња од територијата, ги држи своите сили во состојба на борбена готовност и оди напред чекор по чекор, додека не го добие она што го сака“, смета порталот.
Како втор пример за оваа тактика се наведува војната со Грузија во 2008 година. „Меѓународната заедница речиси и не обрнуваше внимание на сепаратистичките територии на Јужна Осетија и Абхазија сѐ додека руските тенкови практично не влегоа во главниот град на Грузија, Тбилиси и додека руската влада не го призна официјално нивниот статус. До денес сепаратизмот што го поддржува Русија постепено јакнеше и денес држи 20% од територијата на Грузија“.
„Путиновата тактика се состои во тоа да окупира сепаратистички регион, да го признае неговиот статус и со време полека да ја зголемува неговата територија“, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче