Најголемиот океанариум во Европа отворен во Москва

Денес беше отворен најголемиот во Европа Центар за океанографија и морска биологија „Москвариум“.

Најголемиот во Европа научно-образовен океанографски центар „Москвариум“ е најголемиот досега изграден во Европа.

Се состои од 80 аквариуми во кои е претставена морска и слатководна фауна од Бајкалот до Галапагос, од исландските фјордови до Големиот корален греен, од Гренланд до Камчатка, со над 350 видови риби, мекотели и членконоги.

Површината на „Москвариум“, заедно со површината на базените, изнесува 53000 метри квадратни и содржи 25 милиони литри вода. Центарот е поделен на три зони: зона со аквариуми, зона за водно шоу и зона за пливање со делфини со седум базени. Во зоната со аквариум со вкупна зафатнина од 12000 метри квадратни живеат 7000 морски и слатководни примероци од сите краишта на светот.

Билетот за возрасни за „Москвариумот“ ќе чини 600 рубли (околу 600 денари) за дневна посета, 800 за вечерна, а за деца – 400, односно 500 рубли.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња