Иванов: Русија може да го прошири своето влијание во регионот поради политиките на ЕУ и НАТО

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов смета дека поради тоа Русија може да го прошири своето влијание во овој регион, соопштува агенцијата „Блумберг“, а пренесува ТАСС.

Европската унија и Северноатлантската алијанса не успеваат јасно да ја формулираат својата политика во однос на земјите од југоисточна Европа. Поради ова Русија може да го прошири своето влијание во овој регион. Ова е ставот што го искажа во интервјуто за агенцијата „Блумберг“, објавено во понеделникот на 22 јуни, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, пренесува ТАСС.

Според неговата оценка, на некои држави во регионот не им биле претставени јасни планови според кои државите би се раководеле и би можеле да станат членки на ЕУ и НАТО.  Тоа, како што истакнува претседателот на РМ, дава можност за проширување на улогата на Русија. „Очигледно е дека ЕУ заборави географија. Меѓутоа Русија многу добро се разбира од географија. Ако се создаде вакуум, тогаш некој ќе посака да го пополни“, смета Иванов.

Претседателот на Македонија исто така истакна: „Пред нас немаше да стојат многуте проблеми со кои се судираме денеска доколку го почневме процесот за зачленување во ЕУ и го реформиравме нашето општество чекор по чекор“. „Никој не може да направи трансформација ако се потпира само на сопствените сили“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња