Вашингтон се плаши дека Русија ќе го зголеми своето влијание врз Грција, членка на НАТО, поради економските проблеми на Атина, пишува „Фајненшел Тајмс“.
Како што наведува изданието, претходно Вашингтон стоел настрана кога се воделе преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори, а само повремено предупредувал на економските последици од дифолтот. Сега, кога Атина се најде на работ на банкротот, САД се замислија и за политичките последици.
Грција е членка на НАТО, меѓутоа, администрацијата на Обама се плаши дека поради дифолтот Грција може да стане незадоволна од Европа, што ќе влијае на порастот на симпатиите на Грција спрема Русија. На тој начин Атина може да внесе раздор во „единствениот сојуз“ кој ги поддржува антируските санкции, а кој САД сонуваат да го создадат.
Таквата ситуација за Русија ќе биде „геополитички подарок“, пишува весникот. „Подготвеноста на Грција за зближување со Русија ја покажа и неодамнешната средба на грчкиот премиер Ципрас со рускиот претседател Путин“.
Вашингтон е загрижен дека Русија ќе ѝ даде на Грција финансиска помош, што ќе биде еден од предусловите за заладување на односите меѓу Атина и остатокот од Европа. „Долгорочната нестабилност и можниот дифолт на Грција може да го зајакне политичкото непријателство на грчкото избирачко тело спрема Европа и со тоа да ѝ обезбеди на Русија можност да го прошири своето влијание во оваа држава“, се наведува во статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче