Министерот за енергетика на Русија истакна дека во меморандумот што го потпишаа Русија и Грција гасоводот е наречен како „Јужноевропски гасовод“, пренесува РИА „Новости“.
Цената за изградбата на гасоводот во Грција како продолжение на „Турски тек“ ќе изнесува околу 2 милијарди евра, страните денеска ќе ја потпишат патната карта, изјави за новинарите министерот за енергетика на РФ Александар Новак.
„Приближно две милијарди евра“, изјави тој, одговарајќи на прашањето за цената на реализацијата на гасоводот-продолжение на „Турски тек“ низ Грција. Во денеска потпишаниот меморандум, новиот гасовод е наречен „Јужноевропски гасовод“.
„Патната карта ќе ја потпишеме денеска, ги доработуваме правните детали“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче