Изградбата на новиот гасовод од Русија до Германија по дното на Балтичкото море нема да влијае на реализацијата на проектот „Турски тек“, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак, пренесува РИА „Новости”.
„Тоа се два одвоени проекти и како такви остануваат. Пазарите се малку поинакви“, рече Новак. Тој претходно изјави дека поставувањето на цевките на дното на Црното море ќе почне во јуни или јули, кога Анкара ќе даде официјална дозвола.
„Гаспром”, „Е.ОН”, „Шел” и „ОМВ” потпишаа меморандум за намери за изградба на гасовод од Русија до Германија преку Балтичкото море, со капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно. Трасата на новиот гасовод ќе биде иста како и кај „Северен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче