Најдобрата гаранција за безбедноста на Финска е нејзиниот неутрален статус, изјави во вторникот претседателот на Русија Владимир Путин по средбата со неговиот фински колега Саули Ниинисте.
„Мислам дека најдобрата гаранција за безбедноста на Финска е нејзиниот неутрален статус“, рече Путин, истовремено изјавувајќи дека доколку некој ја стави од закана територијата на Русија, таа е должна да ги насочи своите оружја кон оние земји од каде потекнува таа закана.
НАТО доаѓа кон нашите граници, не сме ние тие кои се движат некаде. Но јас, сепак, не би сакал ништо да прејудицирам. Ние, се разбира, сѐ ќе анализираме, внимателно ќе го следиме тоа. Но засега не гледам нешто што би нѐ натерало особено да се загрижиме“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче