Русија не може да ги игнорира потезите на САД во насока на заострување на односите со Москва и го задржува правото да реагира на непријателските чекори на Вашингтон, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„Градејќи ги односите со американската страна, не можеме да ги игнорираме потезите кои администрацијата на Барак Обама ги презеде во насока на заострување на билатералните односи, фактичкото замрзнување на контактите во повеќето области и доследното засилување на притисокот кој се врши врз Русија во вид на санкции, што има за цел слабеење на руската економија и создавање услови за дестабилизација на внатрешната политичка ситуација. Го задржуваме правото на соодветен начин да реагираме на сите непријателски потези спрема нас“, се наведува во документот објавен на сајтот на МНР РФ, пренесува „Взгљад”.
„Излегувањето од спиралата на судири и враќањето кон стабилните билатерални односи се можни само во случај Вашингтон да престане со непријателските потези спрема Русија и Белата куќа да потврди дека е подготвена на дијалог заснован на принципите на вистинска рамноправност и почитување на взаемните интереси“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Агенцијата „Асошиејтед Прес“ претходната недела пренесе дека САД ја разгледуваат можноста да распоредат во Европа копнени ракети за превентивно уништување на руското вооружување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче