Кремљ го коментираше самитот на Г-7 без Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин е посветен на работата во поефикасни формати отколку што е „Групата седум“, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, коментирајќи го самитот на Г-7 што се одржа на 7 и 8 јуни во Германија.

Претседателот на Русија Владимир Путин е посветен на работата во поефикасни формати отколку што е „Групата седум“, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, коментирајќи го самитот на Г-7 што се одржа на 7 и 8 јуни во Германија.

„Што се однесува до дискусијата за тоа дали го поканиле Путин или не, дали ќе го поканат или не, дали е тоа тешко или лесно остварливо, сакам уште еднаш да повторам: претседателот на Русија се концентрира на работата во други, многу поефикасни формати кои го одразуваат реалниот распоред на сите сили во светскиот економски простор“, изјави Песков, пренесува „Интерфакс”. 

Песков исто така изрази жалење што на самитот на Г-7 не е упатен апел до сите потписници на Минската спогодба да се придржуваат до одредбите на овој документ. „Забележавме дека санкциите се поврзани со реализацијата на Минската спогодба од страна на Русија“, истакна портпаролот на претседателот на Русија. „Повеќепати истакнавме дека треба едноставно да се прочита оваа Минска спогодба па да се сфати кој треба да ја исполнува. Ние во овој случај, за жал, сѐ уште не чувме дека апелот е упатен до оние кои треба да ја реализираат“, истакна Песков, пренесува „Вести.Ru“. 

Песков одби да ја  коментира подготвеноста за заострување на антируските санкции која беше изразена од земјите на Г-7. „Ние веќе зборувавме за нашиот однос спрема таа реторика и немаме што да додадеме“, пренесува агенцијата ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња