Белата куќа: ЕУ се „жртвува” за антируските санкции

Некои европски земји се „жртвуваат“ во процесот на спроведување на санкциите против Русија и поднесуваат поголеми загуби од САД, изјави портпаролот на Белата куќа Џошуа Ернест.

Некои европски земји се „жртвуваат“ во процесот на спроведување на санкциите против Русија и поднесуваат поголеми загуби од САД, изјави портпаролот на Белата куќа Џошуа Ернест.

„Ние не треба да го потценуваме значењето на нашите европски партнери и сојузници кои соработуваат со нас за да делуваат овие санкции. Од некои европски партнери воведувањето на санкциите бара поголеми жртви“, изјави Ернест, пренесува РИА „Новости”.

Портпаролот на Белата куќа потсети дека економијата на многу земји од ЕУ е поинтензивно поврзана со руската економија отколку со американската.

Одговарајќи на прашањето дали САД се подготвени на своите европски сојузници да им понудат позначителна економска помош, на пример, по пат на испорака на свои енергенси место руски, Ернест одговори дека на таа тема нема што да каже.

Покрај тоа, Ернест соопшти дека не се очекува претседателот на САД Барак Обама да даде налог да ѝ се испрати на украинската власт офанзивно американско оружје..

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња