ФИФА ги наведе условите за одземање на Русија на правото за организација на СП 2018

Претседателот на комисијата за ревизија на ФИФА Доменико Скала ги наведе условите според кои Русија и Катар можат да останат без правото за одржување на светските првенства во фудбал во 2018 и 2022 година, соопшти „Интерфакс“.

Претседателот на комисијата за ревизија на ФИФА Доменико Скала ги наведе условите според кои Русија и Катар можат да останат без правото за одржување на светските првенства во фудбал во 2018 и 2022 година. Ова го соопшти „Интерфакс“ повикувајќи се на весникот „Зонтагзцајтунг“.

„Треба да има докази за примање мито во текот на изборите за земји-домаќини на светските првенства 2018 и 2022 година во Русија и Катар. Доколку се најдат такви докази, тогаш резултатите од изборите можат да бидат сменети“, изјави Скала.

Тој исто така соопшти дека проверката на ФИФА не нашла факти за прекршување на гласањето. Скала додаде дека ништо не знае за истрагата која паралелно ја води американското ФБИ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.