Првите заеднички руско-египетски воени поморски маневри „Мост на пријателство 2015” ќе бидат одржани од 6 до 14 јуни во Средоземното море, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Русија.
Во рамките на маневрите бродовите на Воената морнарица на Русија и Воената морнарица на Египет со поддршка од авијацијата ќе реализираат задачи за заштита на поморските патишта од различни закани. Бродовите исто така ќе тренираат организација на сите видови заштита и одбрана на море и ќе одржуваат вежби во гаѓање, пренесува РИА „Новости”.
„Во периодот од 6 до 14 јуни 2015 година во одреден реон на Средоземното море ќе бидат реализирани руско-египетски воени поморски маневри „Мост на пријателство 2015“, се наведува во соопштението.
„Целта на маневрите е зајакнување и развој на воената соработка меѓу Воената морнарица на Египет и Воената морнарица на Русија во интерес на безбедноста и стабилноста на море“, истакнува воениот ресор на РФ.
Претходно во саботата, 6 јуни, бојните бродови на Црноморската флота – гардискиот ракетен крстосувач „Москва”, ракетниот ховеркрафт „Самум”, танкерот „Иван Бубнов” и реморкерот МБ-31, впловија во египетското пристаниште Александрија, каде ќе останат до 9 јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче