„Њујорк Тајмс“: Германија жали поради прекинатите односи со Русија

Обидот за изолација на Владимир Путин и одлуката да не присуствува на самитот на Г-7 предизвика жалење кај Германија, пишува „Њујорк Тајмс“, а пренесува РИА „Новости”.

Германија чувствува горчина поради прекинатите односи со Русија кои се градеа неколку децении. Обидот за изолација на Владимир Путин и одлуката да не присуствува на самитот на Г-7 предизвика жалење кај Германија, пишува „Њујорк Тајмс“, а пренесува РИА „Новости”.

„Сѐ што се трудевме да изградиме со Русија во последниве 1 години се гаси и се наоѓа под закана“, рече координаторот на руско-германските односи во владата на Германија Гернот Ерлер.

Според пишувањето на весникот, Германија жали што не успеала да ја привлече Русија кон Европа и да изгради со неа односи кои би овозможиле надминување на заедничката крвава историја. Тоа чувство, како што наведува изданието, е поврзано со економските и идеолошките врски меѓу двете земји кои се во периодот на распадот на Германија. По падот на Берлинскиот ѕид, Русија и Германија никогаш не беа поблиски, меѓутоа, сѐ се смени по украинскиот конфликт кој повторно ги донесе стравовите од студената војна, пишува весникот.

Американското издание наведува дека големо разочарување покажуваат германските социјалдемократи. Поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер изјави дека исклучувањето на Русија Г-8 било грешка, а сличен став имаше и Хелмут Шмит. Се слушна апел за враќање на Русија во Г-8 стигна и од претставниците на германскиот бизнис во РФ. Некои од нив предупредуваат дека Западот ризикува да ја загуби Русија, отстапувајќи го нејзиниот пазар на Кина, Индија и Блискиот Исток. Во текот на минатата година германскиот извоз во Русија е намален за 18%.

„Русија има алтернатива, но не и Европа”, рече Шредер. Исто така, министерот за надворешни работи на Германија истакна дека задржувањето на форматот Г-7 не е во интерес на светската заедница. „Русија ни е многу потребна“, изјави Штајнмаер.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња