Кремљ се надева дека во текот на предизборната кампања претседателските кандидати во САД во помала мера ќе ги жртвуваат билатералните односи на Русија и САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Според неговите зборови, порано во повеќе наврати односите меѓу Русија и Америка биле принесувани како жртва на олтарот на предизборните кампањи и се користеле како еден од инструментите во претседателската трка, пренесува РИА „Новости”.
„Се разбира, тоа секогаш им нанесуваше голема штета на нашите билатерални односи”, додаде Песков, истакнувајќи дека Москва секогаш била поборник на добрите, обострано корисни односи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче