Кремљ: Путин има уставно право да применува воена сила во странство

Претседателот на РФ може да го употреби секое свое уставно загарантирано право, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето на новинарите може ли шефот на државата да го искористи своето право да го замоли Советот на Федерацијата да му дозволи примена на сила во странство.

„Претседателот може да го искористи секое свое уставно загарантирано право. Тоа е негово право“, изјави Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Во услови на нерегулирана ситуација на југоистокот на Украина, несомнено, многу е важно да се избегнуваат какви било дејствија, чекори кои ќе испровоцираат ескалација на затегнатоста, кои ќе се сметаат за провокативни дејствија чиј дефицит, за жал, не го гледаме од страна на Киев“, изјави претставникот на Кремљ.

Според мислењето на портпаролот на рускиот претседател, сега треба  концентрација за исполнување на Минската спогодба. „Токму тоа во Москва го очекуваат најмногу од сѐ“, потенцираше Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња