Вашингтон ја разгледува можноста да распореди во Европа или Азија копнени ракети насочени кон рускиот нуклеарен потенцијал.
Ова е наведено во извештајот на претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД генерал Мартин Демпси, до чии некласифицирани делови дојде агенцијата „Асошиејтед Прес“.
Како што се истакнува, САД ги разгледуваат наведените мерки како одговор на тоа што Русија, од нивна гледна точка, не го исполнува во целосна мера Договорот за уништување на ракетите со среден и краток дострел (ДРСКД).
„Администрацијата на Обама разгледува цела низа агресивни возвратни мерки во врска со тоа што Русија ја обвинуваат за прекршување на спогодбата склучена за време на „студената војна“, на пример, станува збор за распоредување на копнени ракети во Европа, со чија помош може да се нанесе превентивен удар со уништување на руското вооружување“, се истакнува во материјалот.
Во извештајот исто така се констатира дека е нејасно дали некогаш ќе бидат реализирани наведените можности, затоа што „во дадениов момент официјалните лица на САД изјавуваат дека претпочитаат како и порано да се обидат да ја убедат Москва да се придржува до договорот“.
„Асошиејтед Прес“ напомнува дека Вашингтон претходно разгледувал три варијанти за реакција на наводното прекршување на ДРСКД од страна на Русија. Првата од нив предвидува формирање дополнителен систем на заштита, втората – распоредување на ракети во Европа или Азија, насочени кон рускиот нуклеарен потенцијал, а третата подразбира примена на американското нуклеарно оружје против РФ.
„Перспективата на враќање на американските ракети со среден дострел во Европа потсетува на најмрачните денови од „студената војна“, кога сојузниците на Вашингтон во НАТО распоредија на своја територија копнени крстосувачки ракети и балистички ракети „Першинг-2“, истакнува агенцијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче