Лавров: Минската спогодба е под постојана закана поради Киев

Според мислењето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, киевските власти се обидуваат да отстапат од своите обврски за воспоставување директен дијалог со Донбас.

Минската спогодба од 12 февруари се наоѓа под постојана закана од пропаѓање поради постапките на украинските власти, изјави првиот човек на МНР РФ Сергеј Лавров на конференцијата организирана на највисоко ниво „Безбедноста и стабилноста во регионот на Шангајската Организација за Соработка (ШОС)“.

„Линијата на потчинување на судбините на цели народи на еднострани политички замисли доведе до тешка внатрешна криза во Украина“, констатираше министерот.  

„Минската спогодба се наоѓа под постојана закана дека ќе пропадне поради постапките на киевските власти, кои се обидуваат да отстапат од своите обврски за воспоставување директен дијалог со Донбас“, потенцираше шефот на МНР РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња