Предлог во Европскиот парламент Русија повеќе да не се смета за стратешки партнер

Европскиот парламент има намера денеска да спроведе гласање во врска со нацрт-резолуцијата во која се вели дека Русија повеќе не може да се смета за стратешки партнер.

Европскиот парламент има намера денеска да спроведе гласање во врска со нацрт-резолуцијата во која се вели дека Русија повеќе не може да се смета за стратешки партнер. Ова соопштение е објавено на сајтот на Европскиот парламент, пренесува „Взгљад“.

„Во овој момент, поради своите дејствија на Крим и на истокот на Украана, Русија повеќе не можеме да ја сметаме како стратешки партнер“, пишува во документот.

Во соопштението, исто така, се наведува дека обновата на соработката на РФ со Европската унија е можна само во случај „Русија да ги почитува целоста и суверенитетот на Украина, вклучувајќи го и Крим, и во целост да ја реализира Минската спогодба“. На сајтот притоа се наведени тврдењата дека во Украина е наоѓа руска војска.

Претставници на Европскиот парламент, исто така, бараат од РФ да „престане со дестабилизирачките активности на границите со ЕУ“. Тие изразуваат загриженост поради поддршката и финансирањето на радикалните и екстремистичките партии во државите-членки на ЕУ од страна на Русија.

„Резолуцијата ја повикува Европската комисија да изработи закон кој ќе забрани финансирање на политички партии во ЕУ од страна на политички и економски субјект надвор од границите на ЕУ“.

Европскиот парламент, исто така, апелира „без одлагање да се издвојат значителни средства за проекти насочени против делувањето на руската пропаганда и дезинформација внатре во ЕУ“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.