Руското Министерство за одбрана ќе биде присилено да преземе одредени мерки поради неограниченото ширење на противракетната одбрана на НАТО, изјави заменик-министерот за одрана на Русија Анатолиј Антонов, пренесува РИА „Новости”.
„Поради неограниченото ширење на системот за противракетна одбрана, кој може да ги пресретнува руските интерконтинентални балистички ракети, принудени сме да преземеме одредени мерки”, рече Антонов.
Според неговите зборови, укажувањето на Министерството за одбрана на Русија на антируската противракетна одбрана во Европа со ништо не е демантирано.
„На иницијатива на Алијансата, дијалогот во врска со военополитичките прашања, вклучувајќи ги и проблемите со противракетната одбрана, е прекинат. Тоа им овозможува без никакво објаснување и реагирање на руската загриженост да ги остваруваат своите планови“, истакна Антонов.
Како што рече тој, целта на претстојните воени вежби на Алијансата во Атлантскиот океан е пресретнување на руски ракети, додавајќи дека таквите видови маневри се загрижувачки. Антонов, меѓутоа, нагласи дека покрај објектите за противракетна заштита, НАТО го зголемува и бројот на мобилните бродски системи за пресретнување балистички ракети и реализира маневри за да го провери нивното функционирање во единствените информатички и вооружени рамки.
„Распоредувањето на ПВО од страна на Алијансата продолжува, и покрај позитивната динамика за решавање на иранската нуклеарна програма која порано беше причина за создавањето на европскиот систем за одбрана”, смета Антонов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче