Мутко: Апсењето на функционерите на ФИФА не е поврзано со одржувањето на СП 2018

Апсењата на функционерите на ФИФА не се поврзани со изборот на Русија за домаќин на Мундијалот во 2018 година, изјави министерот за спорт Виталиј Мутко, пренесува „Взгљад“.

Апсењата на функционерите на ФИФА не се поврзани со изборот на Русија за домаќин на Мундијалот во 2018 година, изјави министерот за спорт Виталиј Мутко, пренесува „Взгљад“.

Според него, ситуацијата со приведувањето на функционерите на ФИФА била неочекувана и многу непријатна, но таа нема никаква врска со Светското првенство во 2018 година, ниту со првенството што ќе се одигра во 2022 година.

„Апсењата не се поврзани со кампањата за претстојното фудбалско првенство во Русија“, тврди Мутко, истакнувајќи дека засега има увид само во јавно достапните информации.

По повод овој настан рускиот министер за спорт е повикан на сослушување во Швајцарија.Тој изјави дека нема намера да се крие и дека е подготвен за разговор.  

Во Цирих беа уапсени 9 функционери на ФИФА кои најверојатно ќе бидат испорачани на САД, Властите на САД водеа истрага за корупцијата и митото на функционерите на ФИФА. Исто така, во рамките на оваа акција покренато е и прашањето за изборот на домаќините на Светското првенство во фудбал.

ФИФА претходно го отфрли барањето на некои американски сенатори да ѝ се одземе на Русија правото на одржување на СП 2018. Во март пак, претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјави дека одржувањето на СП во фудбал во 2018 година  во Русија помага да се стабилизира ситуацијата во регионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.