Белата куќа: Америка не е подготвена да води војна заради Украина

Америка не е подготвена да тргне во војна заради Украина, но заедно со партнерите во НАТО може да му помогне на Киев, изјави портпаролот на претседателот на САД Џош Ернест.

Америка не е подготвена да тргне во војна заради Украина, но заедно со партнерите во НАТО може да му помогне на Киев, изјави портпаролот на претседателот на САД  Џош Ернест.

Ернест беше запрашан на брифингот за новинарите во што е разликата меѓу ситуацијата во Ирак, каде САД спроведуваат активна воена операција, и ситуацијата во Украина, каде Америка го поддржува официјален Киев, но во моментов ја исклучува можноста за воена интервенција.

„САД ги поддржуваат своите украински партнери кои се обидуваат да ѝ се спротивстават на заканата по својата безбедност. Америка не е подготвена да влезе во војна заради Украина и ние тоа го кажавме јасно, но истовремено САД и нејзините партнери во НАТО имаат можност да ѝ помогнат да ѝ се спротивстави на заканата од страна на Русија која многу отворено го крши нејзиниот територијален интегритет“, изјави Ернест, а пренесува РИА „Новости”.

Белата куќа, освен тоа, соопшти дека внимателни ги следи воените маневри што ги спроведува руската војска и влијанието што тие можат да го имаат врз безбедноста на сојузниците во рамките на НАТО, пред сѐ на балтичките земји.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.